24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Николовски: Континуирано и рамномерно се стимулира локалниот развој, во тек се проектите од ТАВ програмата

Денеска заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, заедно со градоначалникот на општина Карбинци, ја псетија локацијата кадешто во тек е изградбата на регионалниот систем за водоснабдување „Плачковица“. Овој систем со чиста вода ќе снабдува осум населени места, конкретно со Вртешка, со викенд населба Плачковица, Прналија, Кучица, Ебеплија, Јунузлија, Калаузлија и Археолошкиот локалитет Баргала. Капацитетот на производство на вода е околу милион и двесте триесет литри на ден, чиста вода за 700 жители од овие населени места, како и за напојување на добитокот.

„Овој систем е од исклучително значење за жителите на Карбиници, за непречна достапност на чиста вода за пиење, особено во летните периоди. За изградба на системот, општина Карбинци доби финансиска поддршка во износ од над 24 милиони денари преку ТАВ програмата за поддршка на општините. Оваа Влада се грижи за сите граѓани подеднакво, за секое населено место, во целата држава. Затоа и владините политики се насочени кон рамномерен регионален развој, подобрување на условите за живот и подигнување на животниот стандард на секој еден граѓанин“, рече вицепремиерот Николовски.

Градоначалникот на општина Карбиници, Јордан Насев, појасни дека системот се состои од дренажен зафат, доводен цевковод до приклучните шахти кон населените места, резервоарски простор и објекти долж цевководот, со еден збор современ систем за водоснабдување каков што заслужуваат граѓаните на општина Карбинци.

Преку ТАВ Програмата се предвидени 94 проекти во вредност 49,7 милиони евра, во целата земја, и истите се однесуваат на инвестиции во патна, комунална, водоводна инфраструктура, културни домови, градинки и училишта, спортски објекти, здравствени установи, проекти за реалните потреби на граѓаните.