26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Горан Сугарески: Јовчески од ВМРО-ДПМНЕ бега од дсоочувања и сака да стане градоначалник седејќи дома

Кандидатот за градоначалник на Прилеп Горан Сугарески од СДСМ во дебата на Телма истакна дека во однос на инфраструктурата, во програмата е предвидено уредување на влезовите во градот Прилеп. Еден од нив потсети тој е веќе реализиран уште кога беше министер за транспорт.
Доплнително се предвидува еден кружен тек кај автобуската станица, уредување на булеварите и предвидувам еден силен проект, а тоа е семеен парк кој му недостига на Прилеп, рече Сугарески.

„Мислам дека улиците во должина од 50 или сто метри кои не се асфалтираат треба веднаш во првата или втората година од мандатот да се решат за еднаш за секогаш да не се случува тие да бидат предмет на обвинувања дека се работат само пред избори и дека се дел од популистичката политика“, рече Сугарески.

„Само да потсетам кога говориме за инфраструктурата дека ВМРО-ДПМНЕ 22 години беше на власт во Прилеп, а осум СДСМ, а тоа сепак не е исто.

Затоа сакам кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ да не бега од јавни соочувања, и да споредиме што досега направила неговата партија, а што мојата. Но тој веќе три пати бега од соочување очи во очи и комуницара само преку партиски соопштенија. Веројатно сака да стане градоначалник со седење дома, наместо да им соопшти на граѓаните каков план има за Прилеп“, коментираше кандидатот за градоначалник од СДСМ Сугарески.

Околу делот на магистралниот гасовод работата е завршена, а кога станува збор за Прилеп завршува постапката за избор на изведувач од јавно-приватно партнерство кој треба да работи дистрибутивната мрежа од секундарната гасификација.

Очекувам рече Сугарески тој изведувач до крајот на годината да биде избран и од наредната година да почне поврзувањето со магистралниот гасовод, а пото да стаса и до граѓаните. Ова е исклучително важно за економијата но и за заштита на животната средина.

Во однос на старата чаршија има проект од прва категорија кој се однесува на нејзина реконструкција, затоа што подолго време таму ништо не е чепнато. Со него треба да бидат опфатени најоштетените објекти од чаршијата, како и создавање паркинг простор за посетителите на чаршијата.