Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски до кумановци: Дали живеете подобро и што е она што СДСМ изминативе 30 години добро го има направено?

Прашањето кај секој еден кумановец, кој што треба да си го постави е дали живеете подобро. И што овие луѓе направија изминатите 30 години за вашето Куманово, за нашата Македонија? И дали тоа што го направија е доволно за да ние на 17-ти октомври излеземе и го дадеме гласот за нив или пак излеземе на 17-ти октомври и гласаме за човекот кој што синоќа наброја онолку проекти колку што тие во 70 години половина немаат реализирано“, ги запраша граѓаните Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на митингот во Куманово.

Мицкоски додаде дека тој е убеден дека 17-ти октомври кумановци ќе го изберат Тони Михајловски, ќе го изберат бројот 7, за тоа што кумановци овој пат се решени за промени, решени се за проекти и решени се за победи. Време е да се создаде нова подобра иднина за Куманово.

„Граѓани вие најдобро знаете дека волкот влакното го менува, но карактерот не. Доста е од овие политичари, нам ни треба нова иднина. Овие избори се шанса за промени, шанса за подобро утре. Многумина деновиве ми го поставуваат прашањето што е за тебе Христијан победа. Ќе се обидам во неколку реченици да кажам што е за мене победа. Победа е кога ќе спасиме 14 човечки животи, победа е кога грешиме, ќе се извиниме, ќе се корегираме, и ќе продолжиме понатаму. Победа е да се почитуваме и тогаш кога сме различни, победа е да создадеме вредности, принципи, да има одговорност кога треба“, нагласи Мицкоски.

Мицкоски посочи дека победа исто така е кога треба да се создава, да се работи, и да се оди напред. Победа е кога се има исти цели, а целта е Македонија да влезе во ЕУ, децата да го живеат европскиот сон и да имаат квалитетно образование.

Можеби ќе ве интересира

Два нови пилоти завршија обука во Шпанија за гаснење пожари, се приклучуваат на ДЗС

C +

Мицкоски: Имаме стабилни резерви, дополнително го намаливме ДДВ за горивата од 18 на 10%

ДЕСК

„Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, се заштедуваат отприлика околу 200 илјади евра на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

C +