“Транспарентно и отчетно за секој потрошен денар, одговорни сме пред граѓаните, тоа се пари на граѓаните, заедно ги планираме Буџетите, заедно ги креираме проектите, зашто вие најдобро знаете што ви треба, секој избран од граѓаните е одговорен пред граѓаните”, рече заменик претседателката на Социјалдемократскиот сојуз, Сања Лукаревска на трибината во општина Карпош.
“На 17 октомври ја потврдуваме победата и одиме напред со паметен развој, со брз развој, со оддржлив развој, со рамномерен развој, за модерна, хумана, зелена општина, со Најдоброто за Карпош, кандидатот за градоначалник Душко Весковски и советничката листа предводена од Марин Докузовски.
Инвестициите и подршката од централната власт стратешки ги насочуваме кон нови работни места и кон повисоки плати, важен е стандардот на граѓаните, важно е секое работно место. На крајот на јуни 2021 е забележана рекордно ниска стапка на невработеност од 15,9% и тоа во услови на глобална здравствена криза.
Локалната економија е двигател на развојот, со поддршка од централнта власт и со соработка со општините ќе ги поттикнеме малите бизниси, тие се темелот на економскиот развој. Воведуваме редовен месечен Локален економски форум со малите бизниси – да сме во постојана комуникација, зашто се важни. Малите бизниси да се развиваат и да ги има во што поголем број – шанса за секого, поддршка за секоја добра идеја, можности за младите луѓе да се реализираат овде, дома. “
Затоа на 17 октомври излезете и потврдете ја победата на Социјалдемократскиот сојуз и коалицијата, за Карпош со Најдоброто!