Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

24 санкционирани возачи за затемнети стакла и флешери

Во периодот од 27.09.2021 до 03.10.2021 Министерството за внатрешни работи спроведе контрола за санкционирање на возила на кои се вградени неатестирани фолии (затемнети стакла) и користење на уреди за светлосни и звучни знаци, при што санкционирани се 24 возачи. Од нив, 23 возила имале вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), а едно возило поседувало уреди за светлосни и звучни знаци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Променливо облачно време со температура од 11 до 18 степени

C +

СДСМ: Владата избра луксуз за себе наместо покачување на платите на работниците

C +

Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

C +