15. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Владата соопшти: Бесплатен WiFi интернет на отворени јавни површини за сите граѓани

Владата ја усвои Информацијата за обезбедување бесплатен државен WiFi на отворени јавни површини, како дел од Програмата за работа на Владата.

За реализација на оваа програма, Владата утврди препорака за Јавното претпријатие „Национална радиодифузија – Скопје” да подготви и достави Предлог-листа на локации за обезбедување бесплатен државен WiFi за цела територија на државата, за добивање согласност од Владата на Република Северна Македонија, согласно Препораките за обезбедување бесплатен државен WiFi на отворени јавни површини.

До крајот на април 2022 година, во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација, ќе се одржат јавни состаноци со заинтересираните оператори и локалните самоуправи за реализацијата на обезбедувањето бесплатен безжичен WiFi на одобрените локации од интерес за туристите.

Можеби ќе ве интересира

„Или си СДСМ или не си“ – реагира Филипче на фотографијата со Црвенковски, Пецаков и пратеникот на ВМРО ДПМНЕ

ДЕСК

ДУИ реагира на црната кампања за кандидатот Дехари

ДЕСК

Министерот Мисајловски во Брисел ја предводи македонската делегација на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО, на ниво министри за одбрана

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.