25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Наумоски во Ѓорче Петров: Ново училиште во Александрија, градинки и нова амбуланта

Никој не веруваше дека ќе ја реализираме програмата од пред четири години, но еве успеавме, еве со чист образ и отворено срце можам да ве погледнам сите во очи и да ја побарам вашата пооддршка, рече сегашниот и кандидат за градоначалник на општина Ѓорче Петров,  Александар Наумоски на денешниот митинг на СДСМ „Најдоброто за нашата општина“.

– Сите седум проекти денеска се реалност, нова и најсовреме градинка во Европа, спортска сала во Волково, Орман добива канализација, еве го Корзото местот на Ѓорчепетровци, со години овој простор беше дотраено место, први во Скопје ставивме смарт осветлување, нема веќе мрак и преку ноќ  е ден во Ѓорче, Општината добива базен, нова амбуланта, по 80 години се гради нов клинички центар токму во оваа општина, рече Наумоски.

Тој посочи дека оваа слика од  Корзозото покажува колку е Ѓорче сплотено и мотивирано.

-Во 2017 година кога влеговме во општината беше запустено, уште во првите денови засукавме ракави почнавме да работиме посветено и работевме до денес. Додека ја раздолжувавме општината работевме паралелно и прокети, рече тој.

Тој рече дека покрај овие капитални проекти се реализирани и 200 други или 80 отсто од програмата, канализација, водоводна мрежа, улици, патишта, се доградија градинки, детски игралишта, се зголеми безбедноста во сообраѓајот, со семафори и легнати полицајци, го спасивме Хром, ги задржавме  парковите, поддршка за младите, спортистите, пензионерите, социјално загрозените.

-Со ова покажуваме што се можело да се направи за 12 години, а не се направило, а што ние направивме во изминатите четири години, за сите Ѓорчепетровци, сплотено и заедно. Развојот на Ѓорче не смее да запре, во новата програма ќе се гради ново основно училиште во населба Александрија со вредност од 500 милиони евра  и уште 200 нови проекти, нова градинка во Стопански двор, на местото на урнатат градинка во Дексион ќе изградиме градинка, мини медицински центар и катна гаража, ќе се ослободиме од депониите, нова спортска сала во Хром и Никиштане, нов резервоар за решавање на проблемот со водата, Кушково со нов туристички шмек, вело патики, водовод и манастирски туризам, посочи Наумоски.