Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Пред 4 години ветуваа нови паркови, три базени и пензионерски домови, ништо не направија, не треба да им се верува

„Ја добив програмата на нивниот кандидат еден мал Зоран, Душко се вика, за градоначалник овде на Карпош, ама и програмата е малецка, само три листа толку е програмата. Но, пак ја добив и програмата и на Петре, исто за град Скопје таа е исто така помала, уште еден помал Зоран таа е некаде седум страни толку од прилика е. Воведната е нормално обраќање на водачот на хибридниот режим, Зоран Заев, па потоа неговиот слуга, Петре Шилегов, три страни таксативно наведени неколку зборови, неколку реченици и на крај советничката листа. Тоа е програмата со која што излегуваат на овие избори. И пред карпошани и пред скопјани“, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на митингот во Карпош.

Мицкоски додаде дека тој да бил на нивно место би се сокрил од срам и не би излегол во очи да ги погледне граѓаните.

„Заев е трговец и сака вие да заборавите дека тој е на власт. И ништо буквално нема направено за вас. Ништо од тоа што вети не исполни. Затоа тој така вреска на митинзи и прави гафови, затоа се бори со замислени противници, си создава теми во кои и тој самите не верува. Се пари, се топори, мисли дека некој ќе му верува дека некој ќе се исплаши“, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека ветија рекреативен центар за пензионери и пензионерски домови, знаете после 4 години како заврши случајот за тие домови, на суд. Затоа што тоа беше една обична измама и криминал. Ветија ревидирање на детални урбанистички планови, а после четири години планови како печурки никнуваат нови згради во Карпош. Ветија еко паркинзи и тие ги нема. Се што ветија не изградија.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Ако регионот се обедини, може да понуди реализација на проекти во енергетиката во висина од четири илјади милијарди во следниве 10 години

ДЕСК

СИНОПТИЧАРИТЕ СО ВОНРЕДНО МЕТЕОПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Подгответе се за невреме проследено со дожд, снег и силен ветер

ДЕСК

Прегазено 11 годишно дете – итно пренесено во клиничка болница

ДЕСК