26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Отворање на промотивна канцеларија на СДСМ во Злокуќани

Се отвори промотивната канцеларија на СДСМ во Злокуќани, каде презентиравме дека нашата цел е планска хумана урбанизација на Злокуќани и поврзување со централниот дел на oпштината.

Со граѓаните разговаравме за проектите кои се планира да се спроведат во наредните четири години, за поурбано секојдневие.

Свесни сме дека интересот за живеење во Карпош, во срцето на Скопје, е голем и затоа преку дисперзирање и планска хумана урбанизација на просторот кон Злокуќани ќе овозможиме намалување на притисокот врз урбаниот дел од општината, останувајќи силно посветени на заштитата на животната средина. Урбанизацијата на овој дел од општината и градот Скопје ќе биде изведена на начин што ќе обезбеди спречување на целосната бетонизација, создавање нови зелени површини и заштита на животната средина.

Предвидена е легализација на индивидуалните куќи. Овој долгогодишен проблем на жителите од оваа населба претставува најголем предизвик не само за Општината туку и за Град Скопје и Владата.

Во план е и велосипедска патека Злокуќани – Бардовци. Целта на овој проект, кој ќе биде реализиран најдоцна до 2023 година, е да се прошири мрежата на велосипедски патеки во општината, преку поврзување на овие две урбани заедници. По изградбата на новиот мост во продолжение на ул. „Љубљанска“, оваа велосипедска патека ќе ги поврзе овие две урбани заедници со централниот дел на општината, односно со УЗ Карпош 3 и 4.

Со овој проект ќе овозможиме значително намалување на потребата од користење на автомобилите, но истовремено ќе обезбедиме и зголемување на безбедноста на велосипедистите, кои досега практично и немаа „свој“ дел на ул. „10“, која сообраќајно ги поврзува Злокуќани и Бардовци.

Промотивната канцеларија останува отворена за прашања и предлози.

Затоа што Карпош го заслужува најдоброто.