25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Герасимовски: Нема да дозволам прекумерно градење на штета на граѓаните

Во општина Центар нема да има прекумерна урбанизација која е на штета на граѓаните. Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник на СДСМ и Коалицијата во денешната изјава за јавност вели дека има јасен и цврст став во однос на урбанизацијата. Тој се залага за развој на општината водејќи се по начелото на обезбедување на сите потребни услови за здраво и модерно живеење, доволно јавни сервиси, доволно зеленило, строго почитување на законските прописи и строго и безусловно почитување на паркинг правилата при градба. Урбанизација да, не на штета на граѓаните, рече Герасимовски.

„ За организирано градење во Центар во иднина планирам, продлабочувње на соработката со стручната фела во делот на урбанистичко планирање, партиципативното тело да функционира со совотедавна улога, оформување на општински тела во делот на екологијата, правење регистар на дрва од општината не од градот, станбен регистар за згради и куќи кое ќе ни помага за подобро планирање на сите други услуги и потреби на граѓаните, конкурси за важните локации од јавен интерес и поголеми опфати со цел да добиеме поквалитетни решенија, носење на сите ДУП-ови кои ќе обезбедат хумана урбанизација и спасување на секој јавен простор и државно земјиште кој ќе го намениме за граѓаните како и носење на ДУО-ови на приоритетни локации кои немаат воопшто или пак имаат многу стари планови кои мора да се донесат како Кале, Француски, Дуќанџик“, изјави Герасимовски.

Во Центар следи и ревидирање на ДУП-овите. Герасимовски најави дека општинскиот совет нема да донесе ДУП кој нема да биде усогласен со Градскиот урбанистички план. „Центар ќе биде зелен, со урганизирано градење какво што му доликува“, изјави Герасимовски.