5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+ЛОКАЛНО

Георгиевски и Јанчева меѓу жителите на Стајковци презентирајќи го планот најдоброто за Гази Баба

Кандидатот за градоначалник на општина Гази Баба, Борис Георгиевски заедно со Љубица Јанчева, кандидатка за член на Советот на град Скопје, посетувајќи ги жителите на Стајковци го презентираа планот НАЈДОБРОТО ЗА ГАЗИ БАБА.

Жителите на Стајковци занаат кој со години само ветуваше, а кој ветеното го сработи.

Градинката Пеперутка во Стајковци денес е реалност и згрижува повеќе од 140 дечиња. Олеснувајќи им на родителите од Стајковци до Раштак. Реалност станува и новата училишна сала во основното училиште „Кирил и Методиј“, која жителите и децата повеќе од 40 години ја очекуваат. Изградени се повеќе улици, ја подобривме водоводната и канализациска мрежа, а целосно реконструиран е патот Стајковци – Брњарци поред обиколницата.

Заедно продолжуваме понатаму, градејќи го најдоброто за Стајковци и Гази Баба. Досега реализираните проекти се наш гарант, пред вас граѓаните, дека дадениот збор го реализираме.

Градиме нов плоштад на местото од поранешна Центро, пешачка патека од левата страна на улицата Алија Авдовиќ од училиштето до надвозникот, поставуваме спомен обележје во чест на загинатите од поплавата во 2016 година.

Го нудиме најдоброто! Приклучете се на тимот кој го носи НАЈДОБРОТО ЗА ГАЗИ БАБА, соопштија од изборниот штаб.

Спонзорирано: