20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+ЛОКАЛНО

Димитријевиќ: Барам поддршка за мнозинство во Советот, наместо блокади нудиме посветена работа

Граѓаните на Гази Баба после 20 години конечно се имаат можност да видат дека можело поинаку, подобро, посилно. После 20 години памфлети и лажни ветувања дојде времето кога се виде кој е навистина посветен да ја понесе Гази Баба од 19 во 21 век.

После 20 години гледаме дека работите мрднаа. Ова нека биде точка од која нема да има враќање назад. Да кажеме НЕ, за веќе видено сценарио. НЕ за блокадите и враќањето назад. Да одиме напред. Да победуваме заедно.

„Во изминативе четири години советниците на ВМРО-ДПМНЕ го блокираа носењето на буџетите во општината. Го блокираа донесувањето на плановите кои значат развој за општината. Ја блокираа и изградбата на вакуум канализацијата во Јурумлери, како и новиот булевар АСНОМ. ВМРО-ДПМНЕ со блокади го почна својот мандат и со блокади сака да го заврши. Последната блокада беше само пред неколку дена. Сега им пречи што и новата општинска зграда, која исто со години само ја ветуваа, започнува да се гради и тоа со 0 трошоци на општина.“ истакна Александар Саша Димитријевиќ, носител на советничката листа за Гази Баба на СДСМ и коалицијата.

Нудиме програма која заедно ја пишувавме. Започнуваме со субвенционирање на автобуски билети за учениците и студентите од Гази Баба за време на распустот.
Ја решаваме депонијата Вардариште. Градиме ново училиште во Ченто, нови 4 градинки во Ќерамидница, Трубарево, Инџиково и Синѓелиќ. Почнуваме со изградба на мала сала за подрачните училишта во Страчинци и Црешево. Градиме маалски паркови и уредуваме 15.000 м2 јавно зеленило. Продолжуваме со поддршка на младите, доделувајќи грант од 60.000 денари за самовработување и грант од 200.000 денари за студенти иноватори.

„Листата која ја водам има имиња на ваши соседи и пријатели, кој сите овие години се бореле и дале се од себе Гази Баба да биде подобро место за живеење. Ја бараме вашата поддршка за да го дадеме својот придонес во уште поинтензивната изградба на општина Гази Баба. Барам поддршка за мнозинство во Советот кој ќе работи во интерес на граѓаните, а не во интерес на една партија. Совет кој ќе води напред, а не Совет кој ќе влече назад.“ посочи носителот на советничката листа за Гази Баба Александар Саша Димитријевиќ.

Тој ги повика граѓаните на 17-ти октомври, заокружувајќи го бројот 12, да дадат голема поддршка за советничката листа на градот Скопје и Гази Баба, поддршка за Борис Георгиевски за градоначалник на Гази Баба и Петре Шилегов за градот Скопје. За тимот кој го носи најдоброто за Гази Баба и градот Скопје.

Спонзорирано: