18. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Развојот и напредокот на општините мора да продолжи – СДСМ го има најдоброто за општините

Соопштение на СДСМ:

Развојот, напредокот и грижата за сите општините остануваат врвен приоритет на Владата предводена од СДСМ.

Во изминатите 4 години општините работеа транспарентно, напорно и вредно, со силна поддршка од централната власт предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев.

За само 4 години СДСМ реализираше над 7.000 проекти на локално ниво, дела коишто се основа од која тргнуваме одново да ја добиеме довербата од граѓаните, дела кои го менуваат животот на подобро во секое населено место.

Таа силна динамика мора да продолжи, бидејќи од реализираните проекти зависи квалитетот на животот на нашиот народ. Колку поразвиени општини има во државата, толку е подобар животот на граѓаните.

СДСМ ги има најдобрите проекти, најдобрата понуда што носи развој на општините и подобар живот за сите.

СДСМ четири години го дава најдоброто за државата, најдоброто за секоја општина и тоа ќе продолжиме да го правиме и во наредните четири години.

Можеби ќе ве интересира

Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево

C +

Каранфилова Пановска: Владата на ВМРО-ДПМНЕ е директно одговорна за еколошкиот хаос во Вардариште и Дрисла

C +

Каранфилова Пановска: Тошковски мора да сноси одговорност за серијата трагични случаи во изминатите 15 месеци

C +