23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Презентирана предлог Националната стратегија за интегрирано гранично управување

Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски присуствуваше на презентацијата на предлог Националната стратегија за интегрирано гранично управување, која се одржа во просториите на Министерството за внатрешни работи, на која присуствуваа и државната секретарка на МВР м-р Магдалена Несторовска и директорот на Бирото за јавна безбедност м-р Сашо Тасевски.

Предлог Националната стратегија е подготвена во рамките на твининг проектот „Усогласување на националните системи со ЕУ и Шенген барањата во областа на граничното управување“ – ИПА 2016, кој во моментот се спроведува во Министерството за внатрешни работи.

Министерот Спасовски во своето воведно обраќање истакна: „Отворени и безбедни граници е еден од столбовите на кој се потпира Европската Унија. Со воведување на Интегрираното гранично управување како концепт за кохерентни и координирани системи за управување со границата, земјите членки обезбедија безбедни граници со што е можно помалку непријатности за патниците и прекуграничната трговија, координација во рамките и помеѓу граничните служби и зајакната меѓународна соработка. Во таа насока од исклучителна важност за Република Северна Македонија е понатамошениот развој, односно усогласување на управувањето со нашите граници со европскиот модел. Сето ова не би било возможно без поддршката што Европската Унија ја дава на Министерството за внатрешни работи преку Инструментот за претпристапна помош, за што сум искрено благодарен“.

Подготовката на предлог Националната стратегија за интегрирано гранично управување на Република Северна Македонија беше една од главните активности на МВР, во рамки на твининг проектот ,,Усогласување на националните системи со ЕУ и Шенген барањата во областа на граничното управување“, за чиешто значење министерот Спасовски рече: „Членството во Европската Унија е стратешка цел за Република Северна Македонија. Во насока на исполнување на потребните услови, Министерството за внатрешни работи и останатите институции задолжени за спроведување на законот преземаат серија сложени прилагодувања, чија крајна цел е успешно прифаќање на ЕУ стандардите во сите области поврзани со граничното управување. Забрзано усогласување на националното законодавство и креирање на политики за интегрирано гранично управување согласно стандардите на ЕУ се меѓу тие важни прилагодувања“.

Министерот за внатрешни работи упати благодарност до Република Словенија и Словачката Република за придонесот што го дадоа во подготовката на овој значаен документ, но и за континуираната поддршка што ја добива Министерството за внатрешни работи во изминатите две години, додавајќи дека станува збор за две членки на Европската Унија со исклучително големо искуство од кои може многу да се научи, како и до Европската Унија за поддршката која што ја дава на Министерството за внатрешни работи преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА).

„Република Северна Македонија, како дел од европското семејство, ги дели истите вредности со другите земји во Европа, но и се соочува со истите глобални закани и предизвици. Натамошното развивање на националниот систем за Интегрираното гранично управување согласно европските стандарди ќе ја подобри националната гранична безбедност, но истовремено ќе овозможи и поефикасен заеднички пристап и координирано справување со сегашните и идни закани по националната и европската гранична безбедност генерално, што е од посебна важност, особено ако се има предвид дека граничната безбедност е директно поврзана со повеќе различни сегменти на националната безбедност“, подвлече министерот Спасовски.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Премиерот Ковачевски ќе се обрати на презентацијата на „Проектот за поврзување на локалните патишта“

M T

Министерот Спасовски во Букурешт оствари работна средба со Огуз Серкант Акин, директор на Центарот за соработка во областа на спроведување на законот на Југоисточна Европа – СЕЛЕК

M T

Реализирана билатерална средба на министерот Спасовски со неговиот романски колега Боде, на која беа потпишани и два документа за зацврстување на соработката

M T

Спасовски: Обединети сме во слободата, а чувањето на независноста е наша заедничка обврска

M T

Работна средба на министерот Спасовски со Шефот на Мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Клеменс Која

M T

Спасовски: Од денеска сите вработени во МВР добиваат покачување на платата од 5%

M T