Скопје денеск а е една поинкава приказна , покажавме дека можеме подобро и сите подеднакво не болеше комплетното отсуство на визија морал, закопан во бронза и стиропор додека криминалот ни го продаваакако успешен проект, рече на централниот митинг во Скопје сегашниот и кандидат за иден градоначалник Петре Шилегов .
Вложивме љубов во секое мало, во секоја општина, во градот четири булевари се граделе само по земјотресот 1963-та и денес, АСНОМ, Босна и Херцеговина, Никола Карев и Христијан Тодоровски Карпош денес се реалност и таа реалност веќе никој не може да ја избрише, мината година реконструиравме и градевме вкупно 21 улица, ја нарековме градежна офанзива бидејќи на толку сообраќајници во една сезона се работело повторно само два пати, после земјотресот и денес, денес во Скопје за прв пат после повеќе децении се градат два нови моста истовремено, трамвајот во Скопје ни го ветуваа 40 години, почнаа со собирање на самопридонес а стасаа до документација за половина траса од Н. Лисиче со комплек банки, бас рапид транзит сисетемот во Скопје стана реалност за 3 год од сега веќе ќе го имаме првиот патник, СК е првиот град во регионот заедно рамо до рамо со европските престолнини кој што го воведува овој систем, додека некој набавуваше кинески двокатни авгобуси со скапи провизии Скопје го збогативме со 33 ултра нови модерни еко автобуси, потсети Шилегов.
Тој рече дека по 9 години криминална приватизација на Дрисла, Градот ја врати во рамките на град Скопје и тоа овозможи да се воведе нов концепт за третман на комуналниот отпад.
-Никој веќе не зборува во оваа кампања за загадениот воздух во нашиот град, започнавме војна со загадувањето и воведовме 40 нови мерки во овие четири години, воздухот денеска и далеку почист и заради тоа тоа веќе не е тема и трака треба да биде, сите анализи покажуваат дека е тоа така, но ова војна не е завршена, многу битки добивме работа имаме уште, ќе продолжиме и понатаму, рече тој.