5.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

После митингот во Битола, од СДСМ слават уште сега: Најдоброто грмеше од Битола до Куманово, СДСМ е убедлив фаворит, победник на изборите

Соопштение на СДСМ:

Целата македонска јавност вчера ја виде енергијата, сплотеноста на СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“.

Најдоброто грмеше од Битола до Куманово.

Како одговорна партија во овие четири години ја развиваме државата на меѓународен план, ги развиваме општините на домашен план, го унапредуваме квалитетот на живот, а животниот стандард расте. Државата заедно ја поставивме во вистинскиот правец.

На овие избори, СДСМ ја има најдобрата кадровска и програмска понуда за секоја општина, за секое населено место, најдобрата понуда за државата.

Сето тоа е препознанено од граѓаните, затоа даваат поддршка на концептите на СДСМ, затоа СДСМ е убедлив фаворит, победник на овие избори.

На 17 октомври граѓаните ќе гласаат за број 12, за да продолжи континуитетот на позитивната трансформација и развојот на општините.

На 17 октомври граѓаните ќе гласаат за Најдоброто!

Спонзорирано: