Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Филипче: Со СДСМ имате можност да го изберете најдоброто за вас и вашата општина, на 17 октомври да го направиме вистинскиот избор

Интегрално пренесуваме дел од излагањето на Венко Филипче од синоќешниот митинг:

И во четвртата изборна единица, СДСМ и коалицијата се силни, убедливи фаворити.

За четвртата изборна единица ја имаме најдобрата кадровска понуда претставена преку следните кандидати:

Коста за Струмица, Горан за Прилеп, Никола за Радовиш, Благојчо за Конче, Перо за Валандово, Сашко за Гевгелија, Анго за Дојран, Благојчо за Богданци, Тони за Неготино, Горан за Кавадарци, Лазар за Демир Капија, Јасмина за Могила, Љубе за Новаци, Стојан за Росоман, Зоран за Босилово, Марјан за Василево и Звонко за Ново Село.

Ова е нашата понуда и тврдам дека е подобра од целата опозиција заедно. Овие луѓе се докажани професионални, секој во својата сфера на функционирање.

Добар дел од нашите кандидати се повторни кандидати и тоа е така поради тоа што граѓаните ја одобруваат нивната работа и ќе им дадат повторно поддршка. Го имате најдоброто за вас, вашето семејство, вашето маало, вашата општина. Имате можност да ги изберете најдобрите луѓе.

Со гласот може да избереме заедништво, развој, многу работа, просперитет, модерни и европски општини. Тоа ќе ги победи поделбите, лажните вести и антиваксерството. Немам дилема дека на 17 октомври сите ќе го направиме вистинскиот избор. Напред во голема победа.

линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=QtzoW_p_TIg

Можеби ќе ве интересира

Нова ера за македонското здравство: Три клинички болници и здравствен комплекс вреден 1,5 милијарди евра

ДЕСК

Покачување на 50 отсто на пензиите ако дојде СДСМ на власт – најави Тренчевска

ДЕСК

Силно невреме проследено со град на автопатот Скопје – Тетово, невреме и во други делови на Македонија: Каде е најкритично?

ДЕСК