5.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Наумоски: Ја имаме најдобрата понуда, посветено за Ѓорче и во следните четири години!

Кандидатот за градоначалник и актуелен градоначалник на Ѓорче Петров, Александар Наумоски во интервју за 24.инфо зборува за текот на кампањата, неговата понуда и очекувања од изборниот ден.

Во интервјуто, Наумоски истакна дека пред граѓаните излегува со Програма составена од конкретни решенија кои ќе го унапредат квалитетот на живот во оваа скопска општина и затоа очекува силна поддршка од граѓаните на денот на изборите.

Во продолжение целото интервју.

Во вториот ден сме на кампањата, како започна вашата кампања и како ќе продолжи до 15 октомври?

Како градоначалник овие четири години постојано сум меѓу граѓаните што впрочем е и моја должност и обврска.

Сепак овој период е убава можност да направиме еден сублимат на се она што сме го направиле како општина во овие четири години и секако да ги презентираме проектите од новата програма.

Вториот ден исто како и стартот на кампањата минува во позитивна атмосфера и енергија. Имаме одличен прием кај граѓаните кои ги ценат успесите што ги постигнавме во овие четири години.

Очекувам кампањата така и да продолжи како натпревар на идеи и концепти помеѓу кандидатите.

Јас до крајот на кампањата ќе го посетам секое маало секоја улица во општина Ѓорче Петров за на граѓаните да им ја претставам мојата визија за идниот развој на Ѓорче Петров како модерна, урбана европска општина.

Кога веќе правите сумблимат на сработеното на кои проекти сте особено горди за претходните четири години?

Секако дека тоа се капиталните проекти кои остануваат како трајно добро да им служат на граѓаните.

Тоа е градинката во Волково најмодерна во регионот, првиот затворен базен во општината, новата спортска сала и кружниот тек исто така во Волково. Потоа, модерното улично осветлување, Корзо како нов јавен простор и секако ставањето крај на дотраената барака на амбулантата во Дексион.

Покрај ова реализиравме и 200 други проекти односно 80 отсто од програмата со што докажавме дека Посветено за Ѓорче не е само обичен слоган туку е суштината на нашето работење.

Кои се главните проекти во Вашата нова програма?

Пред граѓаните излегуваме со најдобрата програмска понуда, која ќе гарантира развој на општината и подигнување на квалитетот на живот.

Најважен проект е секако Универзитетскиот клинички центар кој е најголема гринфилд инвестиција во македонското здравство и ќе се гради во Ѓорче Петров. Тоа ќе значи нови неограничени можности за локалниот економски раст и менување на социјално економската слика на Ѓорче Петров.

Проблемот со сместувачки капацитети во градинките го решаваме со две нови градинки во населбите Дексион и Ново Село.

За првпат по неколку децении Ѓорче Петров ќе добие ново основно училиште кое ќе се гради во населбата Александрија.

Го уредуваме кејот на реката Лепенец и го збогатуваме со рекреативно спортски содржини.

Проблемот со притисокот на вода на делот Јурија – Хром го решаваме преку озградба на резеорвар во месноста Оризарски рид.

Секако дека во следниот мандат уште позасилено ќе продолжат вложувањата во спортот, социјалната заштита и културата.

Што очекувате на денот на изборите?

Очекувам да се потврди она што го говорат сите релевантни анкети, да се потврди оваа одлична енергија и да добијам чест и одговорност да ја водам општината уште четири години.

Убеден сум дека граѓаните го препознаваат сето она што заедно со мојот тим го сторивме за Ѓорче и дека тоа ќе биде вреднувано преку поддршка на денот на изборите.

На Ѓорче Петров му е потребен континуитет на успесите и очекувам дека граѓаните ќе застанат зад тој континуитет и дека масовно ќе гласаат за бројот 12, за да продолжиме да работиме посветено за Ѓорче и во следните четири години.

Спонзорирано: