23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Терористите од Куманово и Скопје признаа вина, добија затворски казни

Од две до шестипол години затвор добија шестмина обвинети за тероризам, а кои беа уапсени од полицијата на 27 декември минатата година откако ја признале вината пред Обвинителството за организиран криминал и корупција, дознаваме од наши извори.

Тогаш беа уапсени осум лица, но од нив шестмина ја признале вината, а за двајца продолжува постапката. Како што тогаш објави МВР, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал-Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам во координација со Агенцијата за национална безбедност, Одделот за специјални полициски операции под раководство на надлежен јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција по спроведена повеќемесечна истрага на 27.12.2020 приведе осум членови на терористичка организација.

Врз основа на наредби за претрес во дом и други простории издадени од надлежен судија од Основен кривичен суд Скопје, извршени се претреси на осум локации, од кои пет во Куманово и три во Скопје, при што пронајдени и лишени од слобода се осум лица.