23. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Претседателката на Европската комисија во вторник во Македонија

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лaјен следната недела ќе посети шест земји од Западен Балкан, соопшти комисијата.

Taa ја започнува својата турнеја на Западен Балкан во вторник со посета на Албанија, а истиот ден заминува за Северна Македонија. Во среда ќе ги посети Косово, Црна Гора и Србија, а в четврток Босна и Херцеговина.

Во својот говор за состојбата на Унијата минатата недела, Фон дер Лајен најави дека ќе го посети Западен Балкан до крајот на овој месец за да ја потврди својата посветеност кон процесот на пристапување.

„ Ќе го посетам регионот до крајот на месецот. Сакаме да испратиме јасна порака за нашата посветеност кон процесот на пристапување. Тоа им го должиме на сите млади луѓе кои веруваат во иднината на Европа”, рече Лајен во говор за состојбата на Унијата во Стразбур.

Таа додаде дека ЕУ ја зајакнува поддршката за Западен Балкан преку нов економски и инвестициски план, вреден околу една третина од БДП на регионот.

Според медиумите во БиХ, фон дер Лејен в четврток официјално треба да го отвори мостот Свилај, кој ќе го поврзе автопатот на Коридорот Вц на босанскохерцеговската и хрватската страна на реката Сава.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски е во паника порди падот на поддршка, без резултати зад себе измислува лажни сценарија за изборите

ДЕСК

Кузеска: Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ е најнеспособна и најкорумпирана досега

ДЕСК

Бујар Османи со младите во Чаир: Силна финансиска поддршка за младите, тие ќе одлучуваат како ќе се распределува буџетот во општината

ДЕСК