Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

ПОНЕДЕЛНИКОТ НОСИ ПРЕСВРТ: Локални бури, силен ветер и пониски температури

Во текот на новата седмица дневната температура ќе опадне за неколку степени. Во попладневните часови, особено во понеделник ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град.

Прогноза за 24.08.2026
Минимална температура: 13°C до 22°C
Максимална температура: 31°C до 38°C

Променливо облачно и топло со сончеви периоди. Попладне ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 25.08.2026
Минимална температура: 12°C до 21°C
Максимална температура: 32°C до 39°C

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 26.08.2026
Минимална температура: 13°C до 21°C
Максимална температура: 30°C до 37°C

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе има зголемена облачност и услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер.