27.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Јавни обвинители ќе следат дали има нерегуларности на локалните избори, формирана е привремена комисија

Јавниот обвинител донесе Одлука за формирање привремена Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со локалните избори закажани за 17 октомври.

Формираната комисија на јавното обвинителство проактивно ќе ги следи настаните, во насока на заштита од криминални или други противзаконски дејствија и превентивно делување.

Јавниот обвинител во Јавното обвинителство, Џељаљ Бајрами, е определен за претседател на комисијата. Членови се јавни обвинители од вишите јавни обвинителства и Основното јавно обвинителство Скопје.

Членовите на комисијата, како и вработените вклучени во нејзината работа, на дневна основа ќе ги следат сите настани од државата поврзани со процесот на организирање и спроведување на изборите. За оние настани за кои ќе се оцени дека даваат индиции за евентуални сторени изборни нерегуларности, известувањата веднаш ќе се проследат до соодветното основно јавно обвинителство. Во исто време, ќе се дадат задолженија до основните јавни обвинителства за итно постапување, односно да формираат предмет и да преземат дејствија за утврдување на релевантни факти од кои зависи правилната примена на Кривичниот законик.

Јавното обвинителство ги повикува граѓанските организации, политичките партии, домашните и меѓународни институции и сите лица кои сметаат дека во некоја постапка има индиции за сторено кривично дело поврзано со изборниот процес, да достават поднесок/пријава до Комисијата, на електронската адреса izbori@jorm.mk. Електронската адреса за пријавување на изборни нерегуларности е објавена и на интернет страницата на јавното обвинителство www.jorm.gov.mk.​

Можеби ќе ве интересира

Богданка Кузеска: Коалицијата предводена од СДСМ расте, следува нова победа за да продолжи развојот на општините

M T

Полицијата првпат на локалните избори ќе го озбезбедува транспортот на доверливиот избирачки материјал

M T

СДСМ: Со писма како од времето на неговиот ментор Груевски, Мицкоски им го држи стравот на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ од изборниот пораз што им следува

M T

СДСМ: Мицкоски го очекува пораз на локалните избори, ниту самиот тој не верува во неговата понуда на кандидати за градоначалници

M T

СДСМ и БЕСА ќе коалицираат и на претстојните локални избори

M T

Заев и Тачи договорија соработка за локалните избори

M T