Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведена очна лекарка од Куманово, која преку поткуп собрала 116.000 денари

Полициски службеници од Отсекот за економски криминал при СВР Куманово, утрово, во 7 часот, извршиле претрес во просториите на очното одделение при Општата болница во Куманово по претходно добиени сознанија за примање поткуп и злоупотреба на службената положба од страна на лекарката Е. С.

Како што информираат од МВР, освен во работните простории, со обезбедена судска наредба претрес бил извршен и во автомобил „опел астра“, паркиран во кругот на болницата.

При претресот во очното одделение на болницата од медицинската сестра биле одземени 18.000 денари, а при претрес во возилото, сопственост на лекарката Е. С., биле одземени речиси 98.000 денари.

Лекарката Е. С. е приведена и против неа ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до ОЈО Куманово.

Имено, Е. С. се товари дека ја злоупотребила службената положба и овластувањето и примала поткуп од пациенти, така што правела хируршки интервенции во службени простории на Општата болница во Куманово и за интервенциите противправно зела по 12.000 денари, иако пациентите биле здравствено осигурени преку ФЗО и за истата интервенција би требало да платат само партиципација, но партиципација не им била наплаќана.

Парите пациентите ѝ ги давале лично на пријавената непосредно пред да се изврши хируршката интервенција, а за што не добивале документ за платената услуга.

Можеби ќе ве интересира

Мециновиќ: Државата од криза во криза не учи, а граѓаните ја плаќаат цената

ДЕСК

Билатерални средби на претседателот Гаши на маргините на 152. Собрание на ИПУ во Истанбул

ДЕСК

Филков се сретна со граѓански организации за реформите во изборното законодавство

ДЕСК