Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Владата закажа седница – За што ќе се разговара?

Владата на Република Северна Македонија, денеска, 21.09.2021 година (вторник), со почеток во 12:30 часот, ќе ја одржи редовната 107-ма седница со повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На седницата, согласно дневниот ред, на предлог на Министерството за финансии ќе биде разгледан Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, кој предвидува измени во насока на подобрување на фискалниот капацитет и зголемување на приходите на општините.

На редовната седница, пред министрите за разгледување е превидена и Информацијата за спроведување на ИПА проектот „Набавка на ИТ и друга специфична опрема за информатички систем и мониторинг на животната средина“.

Владата на редовната седница ќе разгледува и извештаи за работењето на повеќе јавни претпријатија и трговски друштва во државна сопственост, согласно обврските за редовно доставување до Владата, согласно политиките за отчетност и транспарентност во работењето.

За донесените одлуки и заклучоци од Владината седница, јавноста ќе биде известена веднаш штом ќе биде завршена.

Можеби ќе ве интересира

ЗАКАНИ МЕЃУ СКОПЈАНИ – Полицијата приведе 41-годишен маж по пријава

ДЕСК

ЖЕНА ПРИЈАВИЛА ЗАКАНИ ВО СКОПЈЕ – Полицијата приведе 33-годишен маж

ДЕСК

ХОРОР ВО СКОПЈЕ – ЈА УЦЕНУВАЛ СО ЕКСПЛИЦИТНИ ФОТОГРАФИИ, БАРАЛ ПАРИ И СЕКСУАЛЕН ОДНОС – Приведен 36-годишен скопјанец

ДЕСК