Времето утре ќе биде променливо облачно и свежо со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец.
До четврток нашето подрачје ќе биде под влијание на значително постудена воздушна маса, времето ќе биде променливо облачно и значително посвежо. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Дневните температури ќе опаднат за околу 10 степени, а од четврток и утринските ќе бидат особено ниски, на некои повисоки места може да се спуштат и до 0 степени.
Прогноза за 22.09.2021
Минимална температура: 7°C до 16°C
Максимална температура: 16°C до 25°C
Променливо облачно и свежо, попладне со краткотраен локален дожд. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец.
Прогноза за 23.09.2021
Минимална температура: 4°C до 13°C
Максимална температура: 15°C до 24°C
Претпладне променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб, а вдолж Повардарието умерен ветер од северен правец.
Прогноза за 24.09.2021
Минимална температура: 2°C до 11°C
Максимална температура: 20°C до 28°C
Наутро студено, а преку денот претежно сончево.