Centar.mk
ТЕМАБИЗНИСвест

Добра вест: Септемвриската пензија ќе се исплаќа од 28.09

Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец септември 2021 година и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.09.2021 година, со препорака деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со септемвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 28.09.2021 година.

Се препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 28.09.2021 година (вторник);

– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 29.09.2021 година (среда);

– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 30.09.2021 година (четврток); и

– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.10.2021 година (петок).

Можеби ќе ве интересира

СИНДИКАТИТЕ ЌЕ ПОВИКААТ НА ШТРАЈКОВИ И ПРОТЕСТИ: Минимална плата од 600 евра или работниците ќе се излеат по улиците

ДЕСК

УЈП со важно појаснување до граѓаните кои добија покани да платат данок за заработка во странство – досега засегнати десетина илјади граѓани за приходи од 2020-та година

ДЕСК

Секој петти граѓанин во земјата е сиромашен

C +