Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Сугарески крајно човечки го осуди нападот врз неговиот противкандидат

Фејсбук статус на Горан Сугарески, кандидат за градоначалник на Прилеп:

Згрозен сум од објавениот фејсбук статус на сметка на личната трагедија на кандидатот за градоначалник на Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Борче Јовчески.

Без разлика дали станува збор за вистински или лажен профил, како политичар, но пред се’ како човек, најостро го осудувам крајно морбидниот и нехуман чин. Никој нема право да се изживува и да злоупотребува било чија лична трагедија за лични или било какви други интереси.

Во политиката, исто како и во животот, мора да постојат ,,црвени линии” кои не смее да се преминат.

Ова се локални избори кои треба да претставуваат борба на идеи и концепти, а не полигон за дисквалификација на било кој кандидат, од било која политичка опција.

Очекувам надлежните институции да преземат итни мерки, да го откријат сторителот и најстрого да го санкционираат.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на пуштање на употреба на реконструираните 6 операциони сали во Клинички центар „Мајка Тереза“

ДЕСК

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ: Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

ДЕСК

Спремете куси ракави: Синоптичарите најавуваат температури до 25°C

ДЕСК