Centar.mk
ЛОКАЛНО

Прскање против комарци во Штип

На ден 21.09.2021 год. (Вторник-наутро) Општина Штип преку овластена фирма, на територијата на општината Штип ќе спроведе тереистичка дезинсекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во периодот од 01 до 07 часот наутро, со апаратура за УЛВ ладно запрашување.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општина Штип, подрачјата по течението на реките Брегалница и Отиња и подрачја околу каналиниот систем на трериторијата на општината, урбаните населби и локалитети.

Третирањето ќе се изведува со препаратот AKVA K-OTRINE 2EW со активна супстанца [S]-α-cyano-3-phenoxybenzyl(1R,3R)-3-(2,2,-dibromovinlyl)-2,2-dimethylciclopropanecarboxylate, CA [1R-[1 α (S*),3 α]-cyano(3-phenoxyphenyl)-2,2-dimethylcyclopropanecarboxylate.

Во случај на неповолни временски услови (ветар, дожд и др.) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

Воедно, се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

За сите информации и прашања можете да се јавите на телефон за контакт во Општина Штип : 032/22 66 22

Можеби ќе ве интересира

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ДЕСК

65% реализиран проект: Модернизација на пругата во Скопје

ДЕСК

Герасимовски: Бесплатни прегледи, спортски игри и активности со младите, пензионерите активно учествуваат во проектите на Центар

ДЕСК