Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Побаран притвор за осомничен дилер од Скопје

Oсновното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 30-годишен осомничен за кого постои основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
На 17 септември, при претрес во домот на осомничениот во Драчево, биле пронајдени 261,82 грама марихуана, како и 17,93 грама психотропна супстанција – амфетамин. Освен ова, полициските службеници пронашле и одзеле и 5,63 грама семки од канабис, неколку таблети од 3,4 метилен-диоксиметамфетамин и две дигитални ваги со остатоци од наркотична дрога.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, ценејќи дека се исполнети законските основи – опасност од бегство и можност да го потвори делото.

Можеби ќе ве интересира

Неколку улици во центарот на Скопје ќе бидат затворени за сообраќај: за утре најавен протест на ССМ

C +

Мицкоски: Нема да има мигранти, тоа е измислена тема на Венко

C +

Филипче: Ние немаме работа со политички неистомисленици, туку со мафија

C +