25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИК

Слабејте додека спиете: Неколку ефекикасни методи кои функционираат неверојатно

Сепак, тоа не е доволно за да согорите вишок килограми за време на осумчасовниот сон. Еве што друго може да помогне.

„Дури и мал пад на собна температура му помага на телото да согорува калории и да се ослободи од вишокот шеќер во крвта“, вели д -р Франческо Кели, од Универзитетот во Вирџинија.

Не е доволно што температурата во просторијата каде што спиете е ниска, исто така треба да бидете изложени на таа ниска температура. На пример, ако го исклучите греењето во текот на зимата и „нурнете“ под куп ќебиња – ништо не сте постигнале. Затоа, се препорачува, покрај спиењето во ладна соба, да облечете тенки пижами и да се покриете со тенок ќебе. На овој начин, вашето тело исто така ќе биде директно изложено на пониска температура, што значи дека ќе согорите повеќе калории за време на спиењето.

Важно е колку спиете во текот на ноќта
Исто така, многу е важно во текот на седум или осум часа спиење, да имате најмалку три часа длабок сон. Длабокиот сон е најважната фаза на спиење за време на која вашето тело се опоравува и го зајакнува имунолошкиот систем. Колку подолг е длабокиот сон, толку подобро ќе се чувствувате наутро. Научните истражувања велат дека длабок сон може да се постигне со одредени звуци.

„Белата бучава“ како што е звукот на правосмукалка или фен за коса придонесува за подобар сон и побрз длабок сон.

За да согорите што е можно повеќе калории додека губите тежина, најдобро би било да си легнете порано. На овој начин ќе избегнете ноќна ужинка, но исто така ќе му го дадете на телото потребниот одмор.

Луѓето кои спијат од седум до осум часа немаат изразена желба за слатка и мрсна храна, за разлика од оние кои прибегнуваат кон оваа храна за да ја заменат загубената енергија од лош и недоволен сон.