Centar.mk
ЛОКАЛНОТЕМА

Изменет сообраќаен режим во Скопје на 19.09.2021 (недела)

Mинистерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека на подрачјето на Скопје на 19.09.2021 (недела), во временскиот период од 18.00 до 23.00 часот, поради реализација на манифестацијата „Вело Фиеста“ во организација на Град Скопје, на дел од ул.„Димитрие Чуповски“, на потегот од крстосницата со ул.„Даме Груев“ до крстосница со ул.„11 Октомври“ во Скопје, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по наведените улици, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници по сообраќајницата каде што ќе се одвива настанот, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Можеби ќе ве интересира

Битола: Граѓаните со свои предлози го креираат буџетот за 2027 година

ДЕСК

Ученици од Општина Илинден во посета на градоначалникот Александар Георгиевски

ДЕСК

Ѓорѓиевски: Нов фризерско-козметички салон за учениците од „Димитар Влахов“

ДЕСК