21.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Функционери на Алијанса го пробивале кордонот полицајци на протестите во Тетово?

По инцидентите кои се случија на протестот, кој се одржа вчера во Тетово, лишени од слобода се пет лица. Тие заработија кривични пријави под сомнение за учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службено дејствие, а тројца од нив и за напад на службено лице во вршење работи на безбедноста. 

Член на претседателството на Алијанса на Албанците, коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ бил забележана како го пробива кордонот на протестите во Тетово. Исто така повик за  членството и симпатизерите на оваа партија да присуствуваат на вчерашните протести упатил и Арбен Зекири, шеф на ПР службата на оваа партија. Според информациите на  порталот на албански јазик Tetovasot.com тој повикал на поддршка на протестот, но без партиски симболи.  

Од порталот заклучуваат дека со ова се појавуваат нови докази, кои ја инволвираат Алијансата за Албанците во вчерашниот протест каде имаше уапсени лица, но и повредени полицајци.31-годишник од кичевско Туин, 52-годишник од Мала Речица, 33-годишник од тетовско Вешала и двајца тетовци на возраст од 33 и 30 години се задржани во Полициската станица Тетово во координација со јавен обвинител, а против нив СВР Тетово поднесе кривични пријави.

Протестот на кој се бараше оставки, правда и одговорност за жртвите во пожарот во тетовската модуларна болница, стана предмет на политички препукувања. Од Демократската унија за интеграција велат дека претставници на опозоцијата се вмешани во неговата организација.

Од Алијанса за Албанците, пак, се оградија од организацијата на протестот, туку, како што велат присуството на нивни членови и симпатизери бил чин на граѓанска свест и одговорност, како и на останатите граѓани на Тетово.