Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса стои зад протестите во Тетово?

Член на претседателството на Алијанса на Албанците, коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ бил забележана како го пробива кордонот на протестите во Тетово. Исто така повик за  членството и симпатизерите на оваа партија да присуствуваат на вчерашните протести упатил и Арбен Зекири, шеф на ПР службата на оваа партија. Според информациите на  порталот на албански јазик Tetovasot.com тој повикал на поддршка на протестот, но без партиски симболи.  

Од порталот заклучуваат дека со ова се појавуваат нови докази, кои ја инволвираат Алијансата за Албанците во вчерашниот протест каде имаше уапсени лица, но и повредени полицајци.

Тетовската полиција вчера уапсила три лица – Б.А.(31) од кичевското село Туин, Н.Б.(52) од тетовска Мала Речица и Џ.С.(33) од Вешала, затоа што се однесувале агресивно и физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија за време на вчерашниот протест во Тетово.

Од истите причини денеска се уапсени и В.А.(33) и А.Ш.(30), двајцата од Тетово.

Можеби ќе ве интересира

НОВ МОДЕЛ НА СТУДЕНТСКО СТИПЕНДИРАЊЕ: 3.000 СТИПЕНДИИ, ПОВЕЌЕ МОЖНОСТИ И ПОДДРШКА ЗА СТУДЕНТИТЕ

ДЕСК

22 состанок на Поткомитетот за трговија, индустрија, царина и оданочување во рамките на Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу Европската Унија и Република Северна Македонија

ДЕСК

ПРВО ВИКАЛ И СЕ ОДНЕСУВАЛ АГРЕСИВНО, ПА ГО ОШТЕТИЛ „ФОРДОТ“ – Ноќен инцидент во Охрид

ДЕСК