9. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

МВР: На Рашковски му е дозволено да излегува од куќен притвор за да оди на лекар

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, смее да се оддалечува од домот каде што издржува куќен притвор, тврдат од МВР, откако тој вчера беше фотографиран на улица во Аеродром.

Според полицијата, ова му се дозволува со решение од судот за да оди на лекар.

Премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека не знае повеќе детали од тоа што институциите го кажале.

„Д. Р. има дозвола од Основниот кривичен суд Скопје 1, со која, заради здравствени потреби, му се дозволува да се оддалечи од домот за да оди во точен период од денот да ја добие здравствената услуга. Дозволата е за точно определени денови. Во преостанатиот период од денот, освен неколку часа, кој му е дозволен од судот, Д. Р. ја почитува мерката. Конкретно, денеска се направени две проверки од полициски службеници на СВР Скопје и Д. Р. ја почитувал мерката што му е изречена“, велат од МВР.

Заев го повтори ставот на МВР посочувајќи дека Рашковски имал точно определен дел од денот кога смее да излегува.

„Правосудните органи и МВР соопштија дека има дозвола од судот во точен период кога да оди на лекар и тоа го прочитав од медиумите. Не знам зошто е виден да оди слободно или не, знам дека има точно превидено со решение од судот кога да оди на лекар за здравствени потреби, точно колку пати во неделата, во кој дел од денот итн.“, рече Заев.

Рашковски беше во притвор од април поради опасност од бегство и влијание на сведоци, а по предлог на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, кое води истрага за него. Потоа судот одлучи тој да биде пуштен во куќен пртивор бидејќи околноста да влијае на сведоци повеќе не постоела.

Тој нудеше парични гаранции, кои не му беа прифатени. Рашковски се гони бидејќи Обвинителството смета дека како генерален секретар на Владата спровел постапка за јавна набавка спротивно на прописите, која претходно ја договорил со фирмата што го добила тендерот.

Можеби ќе ве интересира

ДЗС: Пронајдени и безбедно отстранети неексплодирани убојни средства од Првата светска војна во близина на граничниот премин Меџитлија и во Старо Градско

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Земјоделството врвен приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, исплатени над 407 милиони денари на скоро 8.000 земјоделци

ДЕСК

(ВИДЕО) Прес на Бране Петрушевски: Каде се СДС сега да го нападнат главниот обвинител Коцевски или да прашаат за некоја истрага?

ДЕСК