15. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

МТСП: Повеќе од 400 поими и нивните дефиниции од терминологијата за родова еднаквост достапни и на македонски јазик

МТСП: Повеќе од 400 поими и нивните дефиниции од терминологијата за родова еднаквост достапни и на македонски јазик

Од денеска на македонските граѓани им се достапни повеќе од 400 поими и нивните дефиниции од терминологијата за родова еднаквост. Европскиот институт за родова еднаквост (ЕИГЕ) ги преведе Поимникот и Речникот кој ги содржи сите синоними и сродни концепти и на македонски јазик.

Целта на Поимникот и Речникот со македонски зборови е заедничко разбирање на поимите за родова еднаквост во чувствителната комуникација на оваа тема во ЕУ и пошироко.
На темата „Родово чувствителна комуникација“ беше организирана дводневна регионална виртуелна работилница. Повеќе од 60 учесници од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Република Северна Македонија, Србија и Турција имаа можност да научат како да го употребуваат и промовираат родово-одговорниот и инклузивен јазик во нивната работа, во националните документи, како и во јавната комуникација.

Од 2013 година, Евопскиот институт за родова еднаквост работи со седум земји кандидати за членство во ЕУ и потенцијални кандидати на Западен Балкан и Турција за да го изградат својот капацитет за родова еднаквост според Инструментот за претпристапна помош (ИПА) од Европската комисија.
Поимникот и Речникот со кој се гради заедничко разбирање за поимите за родова еднаквост , освен на македонски јазик, преведен е и на албански, српски и босански јазик.

Речникот е достапен на следниот линк : A-Z Index | European Institute for Gender Equality (europa.eu)

Можеби ќе ве интересира

Министерот Мисајловски во Брисел ја предводи македонската делегација на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО, на ниво министри за одбрана

ДЕСК

Филипче: 700 милиони евра неплатени обврски кон фирмите, власта ја задуши економијата

ДЕСК

Филипче: Историски најниска реализација на капитални инвестиции од 43%

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.