17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Во ВМРО-ДПМНЕ се свесни дека во Град Скопје ги чека нов пораз па затоа секојдневно измислуваат и манипулираат

Реакција од СДСМ на прес-конференцијата на Наум Стоилковски:

Во ВМРО-ДПМНЕ се свесни дека во Град Скопје ги чека нов пораз па затоа секојдневно измислуваат и манипулираат

ВМРО-ДПМНЕ ги засилува лажни вести против Петре Шилегов онака како што се наближува датумот за избори и извесниот пораз што оваа партија ќе го доживее во главниот град.

ВМРО-ДПМНЕ нема да понуди ништо конкретно па затоа мора секојдневно да лаже и да манипулира измислувајќи нови конструкции.

27 години ВМРО-ДПМНЕ не направи ништо за Скопје, напротив,го уништуваше градот за лични и бизнис интереси на поединци а најеклатантен пример за тоа е проектот Скопје 2014.

Денес, ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири што градот се отвора и развива рамномерно, не може да се помири што на 17 октомври им следува нов убедлив пораз па затоа постојано мора да шират лажни вести, невистини и неосновани напади.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Поразот на Мицкоски во Маврово Ростуше е директен, загуби кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ член на ИК

M T

Зеленски: На целиот свет му е јасно дека Русија претрпе пораз

M T

Русија: Затворска казна за ширење лажни вести

M T

Путин доминира – Борел призна дека ЕУ е на работ на пораз

M T

Стефан Васев: Од страв Мицкоски коалицира со Села и Гаши, но ништо нема да го спаси од пораз

M T

СДСМ: Понудата на ВМРО-ДПМНЕ од немај каде е сведена на стари кадри, луѓе на Груевски, затоа ги чека нов пораз

M T