Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Сопругата на претседателот учествуваше во хуманитарна акција

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска денеска донираше хуманитарни пакети, а генералниот секретар во Кабинетот на претседателот, Миле Бошњаковски даруваше крв во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во рамки на акцијата за дарување на крв и донирање на храна во знак на сеќавање на 11 септември, како и за одговарање на потребите на заедниците во земјава.

Акцијата се организира по тринаесетти пат од Амбасадата на САД во партнерство со Црвениот крст на град Скопје и Институтот за трансфузиона медицина.

Со донациите ќе му се помогне на Црвениот крст да им обезбеди храна и други потребни нешта за претстојните зимски месеци на семејствата кои за тоа имаат потреба. Исто така, ќе му се помогне на Црвениот крст да воспостави поголема мрежа на крводарители во Северна Македонија со цел да се исполнат идните барања со снабдување на крв.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Очекувам победа во Брвеница

ДЕСК

Мицкоски: ДЗС ги објави конечните бројки: растот на БДП е во нагорна линија од 3,8%, тоа е повторно лоша вест за опозицијата

ДЕСК

Филипче го испрати талогот Жерновски да клевети во јавност, двајцата се исплашени од одговорноста која ги стигнува, тврди ВМРО ДПМНЕ

ДЕСК