10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ДУИ: Во шест општини носителки се жени, ја зајакнуваме улогата на жената во општеството

Демократската Унија за Интеграција на локалните избори ќе се натпреварува со 35 листи за советници и 19 кандидати за градоначалници, истакна на прес конференцијата Арта Билали Зендели од ДУИ. Таа меѓу другото кажа дека листите на ДУИ се содржани од докажани имиња од Граѓанскиот сектор, претставници од младите, жени и успешни личности од различни области.

Арта Билали Зендели од ДУИ рече дека на овие избори во шест општини, како во Струга, Чаир, Шуто Оризари, Битола, Маврово и Куманово носителките на Листи за општинските совети се жени.

Во продолжение говорот на г-ѓа Арта Билали Зендели:

Почитувани граѓани,
Почитувани претставници на медиумите,
Се наоѓаме денес овде пред вас за да соопштиме дека Демократската Унија за Интеграција согласно законските одредби во Изборниот Законик, во предвидениот рок ја достави Листата на кандидати за членови на Општинските Совети и Листата на кандидати за Градоначалници за локалните избори кои ќе се одржат на 17 Октомври оваа година.

Овие листи се објективна рефлекција на нашиот фокус во служба на граѓаните да бидат достојни кандидати за да бидат гласот на народот, кои ќе се грижат за принципиелната реализација на целта за квалитетен живот на сите граѓани на земјата.

Ве известуваме дека Демократската Унија за Интеграција ќе се натпреварува со вкупно 35 листи на кандидати за Општински совети, додека со кандидати за градоначалници ќе се натпреваруваме во вкупно 19 општини.

Како и секогаш, ја почитуваме адекватната застапеност на жените во политиката, го зајакнуваме гласот на младите во процесите на локалното одлучување во секоја општина, како и ја унапредуваме на повисоко ниво и соработката со граѓанското општество.

Листите на Демократската Унија за Интеграција се состојат од професионални и компетентни личности во средината каде што живеат и работат.

Нашите листи се состојат од еминентни имиња од граѓанското општество, претставници на младите, жени, како и успешни личности во различни области.

Во шест општини, како во Струга, Чаир, Шуто Оризари, Битола, Маврово и Куманово, носителите на листите за Општинскиот совет, ќе бидат жени.

Демократската Унија за Интеграција оценува дека со овие личности ќе биде апсолутен победник на локалните избори, каде фокусот ќе биде ставен на реализација на изборната програма која има за цел подобрување на животниот стандард на граѓаните.

На 17 Октомври ќе победи визијата за квалитетен живот за сите нас!