Соопштение на СДСМ:
„Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат да профитираат на сметка на трагедијата во време на национална тага и целосна мобилизација на институционален потенцијал за расветлување на случајот.
Недозволивата политизација на трагедијата го покажа непознавањето на Уставот и законите од страна на Мицкоски.
Уставот на државата е јасен, член на Владата може да поднесе оставка, но пред премиерот. Претседателот на Владата може да предложи разрешување на член на Владата, а за предлогот за разрешување одлучува Собранието на наредната седница.
Ваквото неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски го покажува очајот во кој е западнат Христијан Мицкоски.
Заврши времето кога истраги и записници од постапки се диктираа на телефон, се измислуваа сведоци и се злоупотребуваа институциите.
Владата предводена од СДСМ постапува по Устав, по закон. Истрагата ја водат надлежни органи и една таква темелна и независна истрага ќе ги даде сите одговори.
ВМРО-ДПМНЕ нема право да се повикува на морал ниту, пак, да ја оцрнува работата на Венко Филипче, која ја саботира во секоја можна пригода.
Тоа е партијата што во Собранието ја блокира изградбата на нов клинички центар, која ја саботира борбата против Ковид-19, ги поткопува мерките за заштита на здравјето, поддржува антиваксерски протести.
Ова се некои од причините поради кои раководството на ВМРО-ДПМНЕ треба да се воздржи од користење зборови, како етика и одговорност, и треба да научи што се право и Устав и, најважно, да го почитуваат“.