Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈАТЕМА

Пендаровски го свика Советот за безбедност – за што ќе се разговара?

Утре, 13 септември 2021 година, понеделник, со почеток во 12:00 часот во Кабинетот на Претседателот ќе се одржи 13-та седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија.

Покрај членовите на Советот за безбедност, на покана на претседателот Пендаровски на седницата ќе присуствуваат директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути.

На седницата ќе се разговара за лицата од Авганистан прифатени на нашата територија, и за поставеноста на системот за управување со кризи.

Согласно протоколите за заштита од Ковид-19, од страна на прес службата на Кабинетот на Претседателот ќе бидат дистрибуирани инсерти и фотографии од седницата.

Можеби ќе ве интересира

СТАТУСОТ НА ГРУЕВСКИ ВО УНГАРИЈА ПОВТОРНО ВО ФОКУС: Државјанството му дава посилна заштита?

ДЕСК

ВРЕМЕТО ЌЕ ИЗНЕНАДИ: Од сонце и топлина до пороен дожд и грмежи

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА НЕ ПРОСТУВА: Девет возачи завршија во станица по опасно возење

ДЕСК