Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Обвинителство: Експертите од Германија ќе стигнат во земјата во следните неколку дена

Експертите од Германија кои треба да помогнат во истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово ќе стигнат во земјата во следните неколку дена, соопшти Јавното обвинителство, по информациите дека тие ќе стигнат денеска.

„Во врска со написите објавени во медиумите во текот на денешниот ден, Јавното обвинителство на Република Северна Македонија ја известува јавноста дека експертскиот тим од Федералната криминалистичка полиција на Германија, кој треба да помогне за утврдување на причините за пожарот во модуларниот ковид центар во тетовската болница, треба да пристигне во земјава во следните неколку дена“, се наведува во соопштението.

Во меѓувреме, додаваат од таму, тимот обвинители од тетовското и скопското обвинителство продолжува интензивно да презема дејствија за испитување на трагичниот настан. Се очекуваат резултатите од наредените вештачења и се врши распит на сите лица кои со своите сознанија би можеле да помогнат за откривање на причините за пожарот.​

Можеби ќе ве интересира

Времето се влошува: Од вторник обилни врнежи и засилен ветер – Синоптичарите ја објавија најновата повеќедневна прогноза

ДЕСК

Верувал дека ќе си врати 40.000 евра, но останал и без уште 3.500!

ДЕСК

Среде бел ден девојка ограбена во Скопје – арамијата употребил физичка сила на автобуска постојка

ДЕСК