26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Богоев: Изгубивме вредна личност, си отиде највредниот „мајски цвет“

Денеска згасна животот на нашата Ангела Ангеловска Усовска, директорка на детската градинка „Мајски цвет“.
И јас и општината ќе ја паметиме пред сѐ како извонреден човек, ведра личност и голем работник, информира за тажната вест, градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев.

Според него, „да не беше Ангела немавме да имаме и толку успеси на полето на детската заштита и предучилишното образование во Карпош“.

-Заедно го отворивме објектот „Јасмин“ во Тафталиџе 2, а минатата година ја реконструиравме и „Мајски цвет“ во Тафталиџе 1. Секогаш насмеана, многу креативна и ненаметлива… Чекор пред времето, како во воведувањето на здраво мени по градинките и современи дидактички материјали, така и во односот со кадарот, родителите, со сите нас. Ангела, ти благодарам за тоа што ми беше соработник. Чест ми беше што те познавав и што заеднички сработивме многу. Си отиде највредниот „мајски цвет“, но ги повикувам сите вработени во градинките да го продолжат нејзиниот пат, да се грижат за дечињата и условите, како што Ангела тоа го правеше, стои во објавата на Богоев.

Тој изрази искрено сочувство до семејството.

-Загубата е голема. Ангела зад себе остави резултати за два животи, кои се вредни за целата заедница. Јас лично, но и општината остануваме на располагање на семејството, додава градоначалникот.