3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Потресно сведоштво за тетовскиот пожар

Тетовчанката Јована К. за „Слободен печат“ раскажува дека нејзината сестра и нејзиниот татко, кој бил хоспитализиран со ковид во модуларната болница која изгоре синоќа, последни низ прозорец се спасиле од пламените јазици кои жестоко го зафатија овој ковид центар. Во пожарот, животот го загубија 14 лица, а уште 12 се повредени.

Пожарот почна од собата веднаш до таа кај што лежеше татко ми. Сестра ми постојано плаче и е многу вознемирена. Таа беше со татко ми како придружба во модуларната болница во Тетово. Во модуларната болница при прием на ковид пациент ни кажаа да оставиме еден член од семејството како придружба, бидејќи нема доволно персонал. Во овој случај беше од помош, зашто тие што се спасија, се спасија благодарение на придружбата. Слушнав и дека имало мајка и ќерка кои изгореле затоа што ќерката не сакала да ја остави мајка си и изгореле заедно, ја почнува Јована својата приказна.

Според она што и го кажала сестра ѝ, пред да настане пожарот, слушнале гласови од соседната соба, бидејќи некое девојче умирало.

Пожарот настанал затоа што се обидувале да го реанимираат девојчето. Додека ја реанимирале со дефибрилатор, пукнал штекерот. Неколку секунди потоа сестра ми слушнала панични извици дека има пожар. Сестра ми ја фатило паника, почнале да го кршат прозорецот за да излезат. Татко ми немаше станато од кревет откако е хоспитализиран. Паднал. Но, му помогнале да излезе – вели Јована.

Сестра ѝ и татко ѝ биле последните што излегле живи.

Спонзорирано: