Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Важна вест за Скопјани – овие улици ќе бидат затворени за сообраќај утре поради протест

На 08.09.2021 (среда) со почеток од 13,30 часот најавен е протест кој треба да почне од плоштад ,,Скендербег“ за потоа да продолжи до канцеларијата на ЕУ. За таа цел од 13,30 часот до завршување на протестот етапно ќе бидат затворени за сообраќај бул.”Гоце Делчев”, бул.”Илинден” и бул.“Климент Охридски”.

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници како и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Можеби ќе ве интересира

Доаѓа нагла промена: Еве кога ќе врне најмногу и каде ќе има снег!

ДЕСК

ДРАМА ВО ПОЗНАТ ЛОКАЛ ВО КАРПОШ: Избила физичка пресметка меѓу четворица скопјани, еден бил удрен од тврд предмет – отиде и дел од инвентарот

ДЕСК

Грабеж среде бел ден во центарот на Скопје: Додека се качувала во автобус, била ограбена

ДЕСК