10. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Царовска на одбележување на 77 години од ослободувањето на Кочани: Чест и задоволство е да се работи исклучиво во интерес на граѓаните и унапредување на општеството

Градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев, вечерва и додели плакета во знак на благодарност на министерката за образование и наука, Мила Царовска, за поддршка во реализацијата на значајни проекти од интерес на граѓаните. Плакетата којашто е највисоко општинско признание и’ беше врачена на Царовска по повод одбележувањето на 77 години на градот Кочани, на Свечена седница на Советот на општината која се одржа на Споменикот на слободата.

„Чест и задоволство е да се служи на граѓаните и да се работи исклучително во нивен интерес. Изминатиот период ова го покажавме преку значајни реформски процеси со кои го унапредуваме нашето општество. Дел од овие процеси се социјалната и реформата во детската заштита која ја спроведов како министерка за труд и социјална политика во претходниот мандат, но и реформата којашто сега успешно ја стартувавме во Министерството за образование и наука, со која обезбедуваме квалитетно и современо образование за секое дете“, рече министерката Царовска.

Министерката истакна дека општина Кочани е само една од низата општини во кои МОН посветено инвестира во подобрување на условите во училиштата, но и обезбедување на еднаков пристап на квалитетно образование.

Можеби ќе ве интересира

Ковачки со апел од Илинден: Масовно излезете на 19 октомври и гласање за број 9

ДЕСК

Мицкоски: На овие избори има две опции СДС-ДУИ- Левица кои се нереформирани „како до сега“ и ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која е за развој и напредок на Македонија

ДЕСК

Филипче: Мицкоски воведува нов данок за граѓаните, ДДВ и на евтините пратки

ДЕСК