9. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Сесија посветена на НП Шар Планина како дел од Европскиот зелен појас на Светскиот самит за конзервација на природата

Во павилионот на Европската Унија во рамки на Светскиот конгрес за конзервација на природата во Марсеј, беше организира посебна сесија посветена на националниот парк Шар Планина, како дел од Европскиот зелен појас.

Министерот Насер Нуредини ги сподели плановите за ова ново заштитено подрачје и предизвиците во прогласувањето на првиот национален парк во земјата по преку 60 години, со што се создаде најголемото прекугранично заштитено подрајче во Европа.

„Македонскиот дел од Шар Планина е во срцето на оваа прекугранична заштитена област и беше последната алка од балканскиот дел на Европскиот зелен појас со која го обезбедуваме опстанокот на исклучителни ендемични видови. Заедно со останатите природни убавини и заштитени подрачја, Република Северна Македонија се претвора во топ дестинациите за еко-туризам со огромен потенцијал за одржлив развој“, сподели Министерот Нуредини со публиката.

Можеби ќе ве интересира

Какво ќе биде времето? – Метеоролозите ја објавија најновата прогноза

ДЕСК

Филипче од Прилеп: Патриотизам не е да создадеш лажна гордост, туку да обезбедиш услови луѓето да живеат гордо

ДЕСК

Мицкоски: Тајните договори на Венко и Стевче не поминуваат, Сотир Лукровски ќе победи во Карпош

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.