Centar.mk
ЛОКАЛНОТОП ВЕСТИ

Повеќе улици во Центар ќе бидат затворени за сообраќај

Поради подготовки за настанот по повод Денот на независноста, во центарот на Скопје, денеска, од 11 часот затворени за сообраќај ќе бидат улица 11 Октомври и ул. Димитрие Чупоски во правец на движење од ул. Васил Главинов до ул.Филип Втори Македонски, додека спротивниот правец ќе биде отворен за сообраќај, а од 15 часот сообраќајот ќе биде затворен во двата правци.

Од 23 часот денеска до 11 часот утре дополнително затворени за сообраќај ќе бидат ул. Даме Груев на потегот од крстосницата со ул.Македонија до крстосницата со ул.11 Октомври и ул.Филип Втори на потег од Кеј 13 Ноември до ул.11 Октомври и ул.11 Октомври на потегот од бул. Кочо Рацин до ул. Даме Груев.

Сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Можеби ќе ве интересира

ЕЛКА ОД 13 МЕТРИ И СВЕТЛЕЧКИ УКРАСИ ЗА СКОПЈЕ – Новогодишното украсување проценето на 4,5 милиони денари

ДЕСК

ЗАПАЛЕНИ КОНТЕЈНЕРИ ВО СКОПЈЕ – Ѓорѓиевски бара итна истрага од МВР и проверка на снимките од „Безбеден град“

ДЕСК

НОВИ ПРЕКИНИ НА СТРУЈА ВО СКОПЈЕ ВО ВТОРНИК – Еве кои улици ќе бидат без електрична енергија на 17 ноември

ДЕСК