Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Граѓаните ќе може да пријавуваат корупција онлајн

Владата на денешната седница ја утврди потребата од потпишување договор за воспоставување електронски систем за поднесување електронски поплаки и пријави поврзани со услугите кон јавната администрација.

„Електронскиот систем за поднесување пријави, претставки и предлози ќе овозможи граѓаните и правните лица во секое време да пријават сомнежи за корупција во органите на државната управа, како и да пријават проблеми во постапките за добивање определена услуга“, наведуваат од владината прес-служба.

Системот е предвидено да се имплементира како посебен модул во рамките на Националниот портал за електронски услуги, преку кој граѓаните и правните лица ќе може да испратат пријава за која било услуга, институција, како најавени корисници, анонимно и со можност за евидентирање на пријавата и преку телефон.

Можеби ќе ве интересира

Доаѓа нагла промена: Еве кога ќе врне најмногу и каде ќе има снег!

ДЕСК

ДРАМА ВО ПОЗНАТ ЛОКАЛ ВО КАРПОШ: Избила физичка пресметка меѓу четворица скопјани, еден бил удрен од тврд предмет – отиде и дел од инвентарот

ДЕСК

Грабеж среде бел ден во центарот на Скопје: Додека се качувала во автобус, била ограбена

ДЕСК