Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Маричиќ: Денес почна најважната статистичка операција спроведена од осамостојувањето до сега

Министерот за правда Бојан Маричиќ во својата видео-порака по повод почетокот на теренскиот дел од пописот, кажа дека ова претствавува најважната статистичка операција спроведена од осамостојувањето до сега.

-Попис не е спроведен речиси 20 години. Ваквата состојба едноставно повеќе е неодржлива и тоа не смееме да го толерираме. Државите членки на Обединетите Нации се обврзани да спроведуваат попис, но можеби уште поважно, тоа е обврска која ја имаме кон државата и пред се кон граѓаните, кажа Маричиќ и додаде дека пописот ќе биде спроведен безбедно, почитувајќи ги највисоките стандарди за спречување на ширењето на Ковид-19.

Маричиќ на Државниот завод на статистика му посака успешна работа, а на попишувачите на терен им се заблагодари за трудот, посветеноста и придонесот за овој статистички процес.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Од денеска зголемување на платите во образованието за нови 7,5%, што е дел од колективниот договор

ДЕСК

Гаши: Соживотот и дијалогот клучни за стабилноста во регионот

ДЕСК

Денеска и утре обилен дожд и силен ветер, од недела стабилно и потопло време

C +