22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИКЗДРАВЈЕ

Чоколадото помага при слабеење, но само доколку се користи на овој начин

Чоколадото има многу корисни својства. Тоа е лек, афродизијак и пат кон добро расположение. Го стимулира лачењето на хормони за среќа повеќе од страстен бакнеж, и го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања.

Се разбира, овие придобивки се валидни само ако се внесуваат умерено.

Прекумерното внесување чоколадо може негативно да влијае на здравјето, во тој случај може да се појават осип, како и тахикардија и хипертензија.

Идеалната количина на чоколадо е до 100 грама дневно. Се што е надвор од тоа станува штетно за телото.

Бидејќи ова благо отсекогаш било предмет на бројни студии, научниците дошле до интересен заклучок, а тоа е дека чоколадото може да помогне и при губење на вишокот килограми.

Една студија на Харвард докажа дека жените во менопауза кои јадат по малку чоколадо за појадок секој ден губат телесната тежина полесно и побрзо.

Експериментот траеше точно две недели. Три групи од 19 жени во менопауза беа волонтери во студијата. Жените од првата група јаделе храна типична за таа клима, додека жените од втората група добиле околу 100 грама млечно чоколадо во рок од еден час по будењето, а учесниците од третата група јаделе чоколадо во иста доза, само час пред спиење.

Кај жените кои јаделе чоколадо наутро, тежината не се променила, но составот на цревната флора се подобрил, а нивниот обем на половината исто така се намалил.

Третата група, која јадела чоколадо пред спиење, исто така се чувствувала подобро. Жените од оваа група ја зголемија физичката активност следниот ден во просек за 6,9 проценти, и имаа помала потреба за слатки.

Главниот заклучок до кој научниците дошле за време на овој експеримент е дека жените кои јаделе 100 грама чоколадо секој ден не се здебелиле.

Резултатите од овој експеримент го побија митот дека чоколадото е масно, и дека треба да се избегнува ако сакате да ослабите.

Можеби ќе ве интересира

Одење и слабеење – и тоа е можно: Со 5 совети согорете 50 отсто повеќе калории

M T

За да ослабите пијте го овој сок од само три намирници

M T

Ова се три најчудни начини за слабеење за кои ДУРИ и лекарите велат дека НАВИСТИНА делуваат

M T

5 ПРИЧИНИ ЗОШТО НЕ МОЖЕТЕ ДА ОСЛАБИТЕ: Залудно гладувате и се мачите – Килограмите НЕМА ДА СЕ СТОПАТ без ова!

M T

АКО САКАТЕ ДА ОСЛАБЕТЕ, ВЕЧЕРАЈТЕ САМО ВО ОВА ВРЕМЕ: Оваа нова метода симнува килограми за еден час – потребно е само ЕДНО!

M T

Ова се 6-те грешки кои постојано ги повторувате и поради кои не можете да изгубите тежина

M T